Економија, финансии, бизнис

Контакт

Лажни станови на Фејсбук: Земала капар за кирија, па не ги обезбедувала становите

Лажни станови на Фејсбук: Земала капар за кирија, па не ги обезбедувала становите

СВР Тетово поднесе кривична пријава против 24-годишна скопјанка, осомничена дека преку Фејсбук измамила четири лица од Тетово со лажно прикажување дека издава станови под закуп.

Според полицискиот билтен, пријавената во текот на 2025 и 2026 година земала пари како капар за кирија, а потоа не ги обезбедувала ветените станови. На тој начин, според МВР, се стекнала со противправна имотна корист од 45.900 денари.

Од МВР информираат:

„СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.Ј.(24) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „продолжено кривично дело измама“. Во текот на 2025 и 2026 година пријавената, преку профил на социјалната мрежа Фејсбук, со лажно прикажување на факти дека располага со станови под закуп, довела во заблуда четири лица од Тетово, и од нив примала пари како капар за кирија, а по прием на паричните средства не ги обезбедувала ветените станови, со што се стекнала со противправна имотна корист во износ од 45.900 денари.“

Слично

Поврзани вести