Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЛАЖНИ „ХУМАНИТАРЦИ“ БАРААТ ПАРИ ЗА ХЕНДИКЕПИРАНИ ДЕЦА: Хуманитарната организација „Свети Спас“ алармира за голема измама

ЛАЖНИ „ХУМАНИТАРЦИ“ БАРААТ ПАРИ ЗА ХЕНДИКЕПИРАНИ ДЕЦА: Хуманитарната организација „Свети Спас“ алармира за голема измама

Лажни „црковни претстаници“ кои носат беџови со име на црквата „Свети Спас“ бараат донации за хендикепирани деца. 

Од хуманитарната организација Свети Спас од Скопје, на нивниот профил на Фејсбук објавуаат дека лицата се претставувале како претставници на црквата и оваа хуманитарна организација, не се вистински поврзани со нив, и потенцираат дека тие се измамници кои го злоупотребуваат името на црквата. 

- Добивме информации дека има некои луѓе кои оделе низ Скопје по куќи, со слика од црквата Свети Спас и со моја слика и бараат финансиска помош за "хендикепирани дечиња" за Велигден.

Направиле дури и лажни БЕЏОВИ, а имале и наши слики (најверојатно од фејсбук).

Сите кои ќе дојдат во вашите домови и во наше име ќе бараат било каква помош се измамници кои го злоупотребуваат нашето име и лично мене..

Доколку дојдат кај вас, ве молам веднаш повикајте Полиција.

Ве замолуваме да споделите за да спречиме ЗЛОУПОТРЕБА.

Бог да ве благослови! - објави Хуманитарната организација „Свети Спас“.
Еве ја нивната објава: 

Тие воедно објавија и фотографии од лице кое го покажува беџот на кое е цитирано името на „Свети Спас“, но без да се види ликот. и замолуваат лицата кои ќе бидат контактирани од нив, веднаш да се јават во полиција.

Фото: Принтскрин/Фејсбук

Слично

Поврзани вести