ЛАЖНА ФЕЈСБУК СТРАНА ГО „НАВЈАСА“ ЈСП: „Споделува наши содржини за да манифестира поврзаност со нас“
ЈСП Скопје информираше дека се појавила лажна фејсбук страница која се претставува како ЈСП.
„Ве известуваме дека лажна Facebook страница се претставува како Јавен превоз во Скопје и го злоупотребува името на ЈСП Скопје.
Јавно сообраќајно претпријатие – Скопје нема никаква поврзаност со оваа Facebook страница ниту, пак, со активностите што таа ги спроведува иако во некои случаи споделува наши содржини за да манифестира поврзаност со нас. Токму затоа сакаме да ја известиме јавнoста да не наседнува на ваквите лажни фејсбук страни и лажни статуси по социјалните мрежи кои имаат една цел, а тоа е да наштетат на работата на Јавното сообраќајно претпријатие.
Лажната страница и содржината што ја споделува веќе се пријавени на Facebook како измама, а претпријатието ќе преземе соодветни мерки согласно позитивните законски прописи по целосна анализа на случајот.
Ова е единствената наша официјална страница на Facebook“, информираа од ЈСП.
