Економија, финансии, бизнис

Контакт

Лазим Дестани: Од овие избори да произлезе Влада која ќе и служи на сите граѓани

Лазим Дестани: Од овие избори да произлезе Влада која ќе и служи на сите граѓани

Бизнисменот Лазим Дестани по неколкудневните гласини дека е кандидат за премиер на Македонија излезе со реакција во јавноста во која сопственикот на „Еколог“ тврди дека нема политички амбиции.

„Во пресрет на парламентарните избори во Република Северна Македонија им посакувам на сите политички субјекти достоинствен почеток на кампања и коректни демократски избори.

Во оваа прилика, бидејќи моето име е споменато во последните неколку дена како кандидат за премиерска позиција, би сакал да го објаснам целото мислење дека како што кажав и во минатото, покрај бизнисот останувам посветен на теренот на филантропија и активностите во водечките структури на нашата дијаспора. Ангажирањето во политичкиот живот не било и не е во моите планови и амбиции. Мојот придонес останува на полето на економски развој преку деловно претприемништво, како што сум правел во текот на мојата кариера.

Посакувам од овие избори да произлезе влада која ќе и служи на земјата и на сите граѓани“, гласи соопштението на бизнисменот кој го објави во јавноста.


Слично

Поврзани вести