Случајот со лажниот профил на претседателот Иванов е пријавен во МВР.
Лажен профил на Иванов на Твитер создаде забуна дека е поканет кај Павлопулос
Претседател Ѓорге Иванов на Твитер најавува дека е поканет да ја посети Грција на 7 март и дека поканата дошла во телефонски разговор со грчкиот претседател Прокопис Павлопулос.
Но, станува збор за лажна вест, од лажен профил на оваа социјална мрежа.
Еден ден претходно, по повод промената на името на државата, од истиот профил е објавена и друга објава.

„Историски ден за мојата земја и за Европа. Почнува нова ера. Република Северна Македонија е новото име за голема нација“, пишува на профилот.
Слично
