Економија, финансии, бизнис

Контакт

Лажен полицаец бара пари по телефон, полицијата го бара

Лажен полицаец бара пари по телефон, полицијата го бара

Мепознато лице се јавува кај граѓани по телефон и лажно се претставува како полицаец за да бара пари, предупредува МВР.

„СВР Охрид презема мерки за пронаоѓање на лице кое, деновиве преку телефонски јавувања кај граѓани од Охрид, Струга и Кичево, лажно се претставува како полициски службеник и врши измама за наводно случена сообраќајна незгода во која жртви или тешко повредени, се членови на нивните семејста“, соопштија од полицијата.

Користејќи го моментот на вознемиреност и паника која со лажно тврдење го внесувал кај граѓаните, баракл пари за наводна понатамошна постапка. 

„Апелираме до граѓаните да не наседнуваат на вака добиени телефонски известувања и истите да ги  пријават на 192  или лично во најблиската полициска станица“, порачуваат од МВР.


Слично

Поврзани вести