Економија, финансии, бизнис

Контакт

Лажела дека има коронавирус во Кочани и добила пријава

Лажела дека има коронавирус во Кочани и добила пријава

Лице од Кочани на социјалните мрежи проширило лажна вест дека е позитивен на коронавирус, по што локалната полиција поднесе пријава против него до Јавното обвинителство. Надлежните велат дека е непростливо некој да шири недоразбирање и заблуди за време на епидемија со што би може да предизвика несакани последици.

– На 31 март пријавената на својот профил на социјалната мрежа фејсбук направила достапна за јавноста лажна вест дека е заразена со КОВИД-19 и ги повикува сите кои биле во контакт со неа да се тестираат заради утврдување на заболеност. Таа претходно не била тестирана заради утврдување на присуство на коронавирусот, известува МВР.

Мерката истовремено е јавна опомена дека во услови кога секој има свој слободен простор на социјалните мрежи, треба внимателно да се однесува и да не внесува немир и паника во јавноста, додаваат од таму.


Слично

Поврзани вести