Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЛАЖЕЛ ВО ПОЛИЦИЈА ДЕКА МУ ГО УКРАЛЕ АВТОМОБИЛОТ - сакал од семејството да скрие нерасчистени должничко-доверителски односи

ЛАЖЕЛ ВО ПОЛИЦИЈА ДЕКА МУ ГО УКРАЛЕ АВТОМОБИЛОТ - сакал од семејството да скрие нерасчистени должничко-доверителски односи

Отишол во полиција и лажел дека му го украле автомобилот. Откако полицијата го испитала случајот орткрила дека тој тоа го правел поради нерасчистени должничко доверителски односи и за да го прикрие тоа од неговото семејство. Сега 20 годишниот кратовчанец е лишен од слобода.

„На 13.09.2021, полициски службеници од Полициската станица Чаир го лишиле од слобода  Д.И.(20) од кратовско село, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „лажно пријавување кривично дело“. На 06.09.2021 во Полициската станица Чаир Д.И. пријавил дека на ул.„Гоце Стојчевски“ во Скопје му било одземено патничко возило „фолксваген туарег“ со италијански регистарски ознаки. Но, по преземени мерки и активности од полициски службеници било констатирано дека станува збор за лажно пријавување. Д.И. го признал делото и изјавил дека го сторил тоа по претходен договор со едно лице поради должничко доверителски односи и за да го прикрие тоа од неговото семејство. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, се вели во соопштението од МВР.

Слично

Поврзани вести