Економија, финансии, бизнис

Контакт

Лазарова: Здравјето на граѓаните е пред се

Лазарова: Здравјето на граѓаните е пред се

Пратеничката Мери Лазарова од Валандово на прес конференција истакна дека одлуката за раскинување на договорот со Сардич МЦ за експлоатација на руда во Казандол е од огромно значење за граѓаните, како и за заштита на животната средина.

„Моите, нашите сограѓани, од Валандово, Богданци, Дојран, Гевгелија, први го кренаа гласот. Поддржани од граѓанските невладини организации, граѓаните протестираа и предупредуваа за штетноста на одлуката на поранешната власт и опасноста што ја носи.

Како одговорна партија го слушаме гласот на граѓаните и нивните заложби, коишто беа потврдени и на реферндуми во засегнатите општини.

Создаваме услови за производство на здрава храна во целиот регион и здрав живот за сите. Со ова се исполнува и дадениот збор пред граѓаните дека нивното здравје нема да биде загрозено и доколку не се исполнат потребните услови рудник нема да се гради.

Здравјето на граѓаните, квалитетната и чиста животна средина се далеку над кој било приватен интерес. Секој граѓанин има право да живее и функционира во чиста и здрава животна средина. СДСМ останува целосно посветена на зголемување на економскииот раст, заштита на животната средина и здравјето на граѓаните“ истакна Лазарова.



Слично

Поврзани вести