Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЛАЗАРОВ: Со вакви услови за живеење единствено што се постигнува е притисок врз младите и луѓето кои не се во брак да си заминат

ЛАЗАРОВ: Со вакви услови за живеење единствено што се постигнува е притисок врз младите и луѓето кои не се во брак да си заминат

Не стивнуваат реакциите по изјавата на премиерот Христијан Мицкоски дека се размислува за воведување на данок кој би го платиле немажените и неженетите лица во Македонија со цел подигнување на наталитетот. 

Младиот јутјубер Стефан Лазаров се обрати на социјалните мрежи по тој повод и порача дека иако смета дека семејството е благослов, не се согласува со таквата мерка.

Од СДСМ и ДОМ веќе реагираа дека ова е спротивно на Уставот. 


Мрежата за заштита од дискриминација oстро реагира на изјавите на премиерот Христијан Мицкоски кој размислува да воведе данок за оние кои не се во брак.  Велат дека ова претставува дискриминација. 

Дел од граѓаните се револтирани, на социјалните мрежи му пишуваат на Мицкоски дека од таквите како него народот се исели, дека такво нешто може да нареди дома, но не и на народот. Му укажуваат дека со минимална плата не се чуваат деца, а и го посетија дека не озвоможи подолго породилно за мајките. 



Слично

Поврзани вести