ЛАЗАРОВ: ГРАД БЕВМЕ ДОДЕКА СЕ ПЕРЕА УЛИЦИТЕ СО ЦИСТЕРНИ - Докторот револтиран од нечистотата во Скопје
Прашината, отпушоците од цигарите, ситни ливчиња од хартија или разни опаковски, но и кучешки гомна насекаде низ главниот град. Граѓаните револтирано коментираат за нечистотата во Скопје, но сега веќе таа почна да им пречи толку многу што ја ставаат во посотовите на нивните профилли на социјалните мрежи.
Нашиот истакнат доктор Ненад Лазаров, кој особено зачести со коментарите на разни теми последниве месеци, овој пат се осврна токму на нечистотата во Скопје.
Видно револтиран тој напиша пост во кој прашува зошто не се чисти во главниот град, и зошто тоа не се прави секој ден.
- Град бевме додека секоја вечер цистерни переа улици и луѓе позади со црево пешки домиваат. Сив град да ама не ваков нечист. Сеа сме прљавштина.

