Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЛАЗАРЕВИК ОСТРО: Тотално болна и малоумна работа е пратеници позитивни на ковид да одат на седници и да гласаат

ЛАЗАРЕВИК ОСТРО: Тотално болна и малоумна работа е пратеници позитивни на ковид да одат на седници и да гласаат

Владимир Лазаревик, експерт по јавно здравје и поранешен заменик министер за здравство, вели дека нема видено поголема глупост од тоа позитивни на корона пратеници да одат на седници и да гласат во Собранието, и дека тоа е брутално кршење на законите.

Ова следува откако вчера во Собранието дојдоа и пратеници позитивни на корона, во скафандери, за да гласаат за законите од петтиот сет економски мерки, а за нив од Собранието и од владејачкото мнозинство тврдеа дека се испочитувани здравствени протоколи. 

„Значи поголема глупост и брутално кршење на законите од тоа позитивни на корона пратеници да одат на седници и да гласаат се нема случено никаде во светот. Гарантирам. Абе не теравте во карантини здрави прави по 14 дена да одлежиме минатата година, кај го има ова бе? Тотално болна работа и малоумна. Не може да мине ова вака, нема да е се така...“, напиша Лазаревик на својот фејсбук профил.

Еве го постот на Лазаревик.


Слично

Поврзани вести