Економија, финансии, бизнис

Контакт

Лавров: Tоа што се случи во Црна Гора сега им се спрема на Македонија па и БиХ

Лавров: Tоа што се случи во Црна Гора сега им се спрема на Македонија па и БиХ

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров изјави денеска во Белград дека 

во Европа владее нездрава ситуација поради обидите на некои членови на ЕУ и НАТО да ја зајакнат конфронтацијата, туркајќи го сѐ подалеку НАТО на исток не земајќи го предвид мислењето на населението, а тоа што се случи во Црна Гора сега им се спрема на Македонија па и БиХ. 

Тој кажа дека Русија се придржува кон сите договори што се однесуваат на Косово и БиХ, но додаде дека Русија ќе се спротивстави на секој обид тие договори да се одминат или прекршат.

За БиХ, Лавров вели дека е неопходно сите прашања да се решаваат врз основа на договори на двата ентитети и трите државотворни народи.

Според него,  разговорите со српскиот колега Ивица Дачиќ покажале широка согласност во ставовите околу меѓународните прашања, а биле посветени главно на соработката во меѓународните организации како ОН, ОБСЕ и Советот на Европа.

Слично

Поврзани вести