Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЛАВРОВ САКА ДА ДОЈДЕ ВО СКОПЈЕ: Испратил писмо до Бујар Османи

ЛАВРОВ САКА ДА ДОЈДЕ ВО СКОПЈЕ: Испратил писмо до Бујар Османи

Рускиот шеф на дипломатијата, Сергеј Лавров побарал да дојде на министерскиот самит на ОБСЕ во Скопје. Тој му испратил писмо на министерот за надворешни работи Бујар Османи.

„Добив писмо пред неколку денови од рускиот министер за надворешни работи во кое тој изразува барање да се обезбеди негово присуство во Скопје. Има одредени предизвици околу тоа барање зашто воздушниот простор на Северна Македонија и на нашите соседи е затворен за руски државни летови така што тука треба да се направат логистички напори.  Инаку, по правило, сите земји членки треба да присуствуваат на овој Совет на ОБСЕ, но сепак тоа ќе зависи од одлуките што ќе се донесат во наредните денови. Се надевам дека сите ќе успееме да бидеме во Скопје“, рече Османи.

Османи најави дека „во Скопје две завојувани страни (Русија и Украина), меѓу кои не постои никаква комуникација и дијалог ќе имаат можност да седнат на маса“.

Министерскиот совет на ОБСЕ, на 30 ноември и 1 декември ќе се одржи во Скопје, а со него треба да се заокружи претседавањето на Северна Македонија со Организацијата за 2023 година. Активностите ќе започнат на 29 ноември со неформална министерска вечера.

Слично

Поврзани вести