Економија, финансии, бизнис

Контакт

Лавров: Црна Гора и Северна Македонија ќе бидат принудени да купуваат американско оружје

Лавров: Црна Гора и Северна Македонија ќе бидат принудени да купуваат американско оружје

Вклучувањето на Црна Гора во НАТО и втурнувањето на Северна Македонија во Алијансата ќе доведе до појава на воени објекти на нивната територија и ќе бидат принудени да купат американско оружје. Ова го изјави рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, во интервју за весникот „Московски комсомолец“, објавено во средата на веб-страницата на публикацијата.

"Сега, кога Црна Гора стана членка на НАТО, а (Северна) Македонија се подготвува, јас сум сигурен дека воени објекти ќе никнат таму - рече тој -. Таа воената инфраструктура нема никому да му донесе корист. Тие ќе бидат принудени да трошат пари на американско оружје, но во Европа нема да биде помирно ".

Тој наведе дека, иако Русија го признава новото уставно име на Македонија, во земјата грубо бил прекршен Уставот со исходот од референдумот.

Слично

Поврзани вести