Економија, финансии, бизнис

Контакт

Лавина во Македонија го прекина сообраќајот

Лавина во Македонија го прекина сообраќајот

Лавина кај Бигорскиoт манастир го прекина сообраќајот од Маврово кон Дебар. 

Таа паднала во близина на манастирот, неколку стотини метри пред бензинската.

Засега нема информации колкава количина на снег, камења и дрвја паднала на коловозот, но се знае дека екипи на „Македонија пат“ и друга механизација се упатени на местото за да обезбедат проодност.

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) најави дека врнежите од снег од попладне ќе засилуваат, особено во западните и северните делови на Македонија. Во овие делови на земјата снежната покривка дополнително ќе се зголеми за 10 до 20 сантиметри, а на планините и повеќе од 20 сантиметри.

Во Европа лавини и снежно невреме убија над 13 луѓе во Австрија и Германија. 

Слично

Поврзани вести