Економија, финансии, бизнис

Контакт

Лавина снег блокираше пат во Западна Македонија

Лавина снег блокираше пат во Западна Македонија

На патот Маврово- Дебар, кај местото викано „Врбјанска раскрсница“, од 13.20 часот има лавина од снег.

Затворена е една коловозна лента, а по другата сообраќајот се одвива наизменично, соопшти АМСМ.

Ова е втор пат овој патен правец за кратко време да го блокира лавина. Пред извесно време лавина со снег имаше кај Бигорскиот манастир. 

Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози. 

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата. 

Слично

Поврзани вести