Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЛАВИНА РЕАКЦИИ-САМОХРАНА МАЈКА СЕ НУДИ ДА МУ ПОМОГНЕ НА ОСМАНИ: „Министре, примањата што ги имате се понижувачки, ќе одвоиме од нашиот буџет за вас“

ЛАВИНА РЕАКЦИИ-САМОХРАНА МАЈКА СЕ НУДИ ДА МУ ПОМОГНЕ НА ОСМАНИ: „Министре, примањата што ги имате се понижувачки, ќе одвоиме од нашиот буџет за вас“

Откако претседателскиот кандидат на ДУИ и министер за надворешни работи, Бујар Османи, даде изјава дека ако не земе еден месец плата ќе треба да се задолжи, фејсбук се преплави од реакции.
Една од нив е и реакцијата на самохрана мајка, која вели иако е невработена, ќе донира средства од домашниот буџет, за да му помогне на министерот. 

„Почитуван Бујар Османи како самохрана мајка не вработена, со приход 0 и со оглед на мојата здраствена ситуација нема да бидам во можност неколку месеци да работам, ја разбирам вашата загриженост и сочуствувам со вас. 

За тоа моите родители едниот со примања од 9000д, другиот околу 10.000д одлучи од вкупниот буџет да донира дел ако не повеќе барем за оброк на вашите деца во училиште.

Син ми живее близу училиштето па може и дома да доаѓа да јаде.

Вашата заложба за нашата татковина е посебна а примањата кои ги имате се навистина понижувачки .

За тоа заслужувате секој Македонец свесно да одели од својот личен буџет, дојде пред собрание и ви оставе во рака онака дилерски, да почуствувате и вие сигурност“, напиша самохраната мајка на Фејсбук.




Слично

Поврзани вести