Економија, финансии, бизнис

Контакт

Латас нема замена во Сител, СЈО не се откажува од барањето за притвор

Латас нема замена во Сител, СЈО не се откажува од барањето за притвор

На јавна седница во Апелациониот суд се расправаше по жалбите за случајот „Тревник“ за даночно затајување во кој обвинети се Драган Павловиќ Латас за кој СЈО повторно побара мерка притвор и неговите браќа, Звездан и Срѓан Павловиќ за кои се бараат мерки за претпазливост.

- Професор сум на Европскиот универзитет и на факултет во Србија, каде ако не сум присутен, ќе добијам казна. Осумдесет отсто од приходите во семејството се од мене. Сител не може да најде друг човек кој ќе ги извршува сите обврски што јас ги правам, рече Драган Павловиќ Латас во своја одбрана. Тој тврди дека како уредник на Сител мора да склучува маркетиншки договори и да утврдува програма, па телевизијата не може веднаш да најде негова замена, а исто така посочи дека му била нанесена штета од СЈО со објава на документи иако тој досега коректно соработувал во истрагата.

Обвинителот Бубевски од СЈО пак, потенцираше дека новинарот Латас може да го повтори делото или пак да побегне што се доволни предуслови за изрекување мерка притвор.

„Во однос на предлогот за притвор, поднесено од СЈО за веќе обвинетиот Латас, е коректен. Таквата мерка е прифатлива, а, пак, судот, сосема основано утврдил суштински дека постои опасност од бегство, но и продолжување на деловната работа, па со тоа и можност за повторување на делата за кои се товари. Мерки за немање наредни вакви криминални активности е одземање на патната дозвола и највисоката мерка. Судот проценил само во корист на обвинетиот, само за да се заштити правниот поредок. Неговото однесување укажува за причина за изрекување на највисоката мерка во овој случај. Сметам дека жалбата треба да биде одбиена како неоснована, а жалбата на СЈО да биде прифатена и за обвинетиот да биде определена мерка притвор, рече обвинителот Бубевски.

Во Судот се појави иновинарката Ивона Талевска за која се бараа мерки за претпазливост јавување во суд и одземање на пасошот за случајот „Тифани“ за којшто СЈО поднесе обвинение, како и притвор за Латас за „Тотал“.


Слично

Поврзани вести