Латас не дојде на суд, адвокатите го оправдаа
Новинарот Драган Павловиќ- Латас не присуствуваше на денешното рочиште во Кривичниот суд по повод случајот „Тотал“ каде што му се суди за даночно затајување.
Судијката Славица Наумова Јосифовска на почетокот ја исклучи јавноста со тоа што не беше дозволено новинарите да влезат внатре. Подоцна тие биле пуштени да влезат и било изнесено дека новинарот не е во можност да присуствува на рочиштето поради лични и семејни причини.
Судијката изнесе дека неговите адвокати Анита Бегова и Снежана Савиќ доставиле доказ. Доказот бил од Универзитетската клиника во Келн, издаден на 16ти јануари. Не се знае причината поради која новинарите не биле пуштени одредено време во судницата. Следното рочиште е закажано на 31 март.
Слично
