Економија, финансии, бизнис

Контакт

Латас поднесе оставка како главен и одговорен уредник

Латас поднесе оставка како главен и одговорен уредник

Преку соопштение до јавноста Драган Павловиќ Латас извести дека повеќе нема да ја остварува функцијата главен и одговорен уредник на телевизијата „Сител“.

„Оставата ја поднесувам со цел – заштита од понатамошни притисоци кон мене како новинар и кон медиумот во кој работам“, соопшти Латас.

Тој ја предводеше информативната рубрика на Сител од 1997 година до денес.Во иднина ќе биде само новинар и извршен продуцент на телевизијата.

„Како новинар со најголема продукција меѓу денешните професионални новинари, со пет награди за новинар на годината и внимание добиено од публиката и јавноста благодарен сум на ТВ Сител за укажаната можност како главен и одговорен уредник да предводам медиум и тим со кој се гордеам“, се наведува во продолжението од соопштението.


Слично

Поврзани вести