Економија, финансии, бизнис

Контакт

Латас и Лазаров на денешното рочиште рекоа дека не се чувствуваат виновни

Латас и Лазаров на денешното рочиште рекоа дека не се чувствуваат виновни

Новинарот Драган Павловиќ Латас и инфлуенсерот Стефан Лазаров, обвинети за кривичното дело „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“, рекоа дека не признаваат вина на денешното рочиште во Основниот кривичен суд Скопје.

Минатото рочиште се одложи откако одбраната побара да им се достават во целост доказите со кои располага Обвинителството со цел да можат да ја комплетираат одбраната.

Латас рече дека дека обвинението е поднесено од мала група блиска до јавни функционери која себе си се дефинира како јавност, додека Лазаров, рече дека двете минути од подкастот биле извадени од контекст и дека треба да се прегледа целата емисија.

Според обвинението, двајцата обвинети преку компјутерски систем ширеле расистичка и ксенофобична репрезентација на идеја која промовира насилство кон жените, со што предизвикале реакции и чувство на згрозеност и вознемиреност во јавноста.

На Латас, Кривичниот суд му одреди превентивна мерка заради присуство, односно привремено одземање на патната исправа односно забрана за нејзино издавање и забрана за преземање определени работни активности поврзани со кривичното дело, односно забрана за јавен настап со кој се промовира ширење расистички и ксенофобичен материјал, додека на Лазаров му одреди забрана за јавен настап.


Слично

Поврзани вести