ЛАТАС ГО ПРОСЛАВИ СВОЈОТ РОДЕНДЕН И ДОБИ ПОДДРШКА КАКВА ШТО НЕМАЛ ДОСЕГА - „соросоидите“ ги упати на Гугл да видат кој бил Џорџ Сорос
Новинарот Драган Павловиќ Латас деновиве го прослави својот роденден, а на своите фанови им се заблагодари за поддршката, која, како што рече, не ја имал ниту во најактивните новинарски години, но не забораци да биде и саркастичен, впрочем во негов стил.
„Благодарам за сите роденденски честитки и за подршката каква што не сум имал ни во најактивните новинарски години, ми значи и ме обврзува кон вас и кон јавноста за во иднина. За оние другите, соросоидите, и за другите кои следат во јавноста и судат за моето маало кога сум имал 15 години ги упатувам на Гугл да побараат кој бил, што бил, и во чија униформа бил нивниот Џорџ Сорос на 15 години. Има доволно информации за тоа, па и изјави на тогашниот американски претседател Доналд Трамп“, напишал Латас на својот фејсбук профил.
Претходно се огласи и јутјуберот Стефан Лазаров, кој го интервјуираше медиумскиот работник.
„Не ми е одземен пасошот, ниту ми е забранет јавен настап“, рече Лазаров по скандалот со новинарот Драган Павловиќ Латас.
Тој објасни дека деновиве не го барале новинари и затоа решил да се обрати преку јутјуб каналот. Лазаров е разочаран затоа што 50 медиуми објавиле вести за настанот, но никој не го барал за мислење. На новинарите им порача дека треба да се придржуваат до Кодексот и да не шират лажни вести.
Претходно, како што самиот Основен кривичен суд Скопје извести на својата веб страница, го прифатиле барањето на Јавното обвинителство, а донеле и одлука да им забрани јавен настап на новинарот Драган Павловиќ - Латас и на јутјуберот Стефан Лазаров. Според известувањето од судот, на Латас му е одземен и пасошот.
Ваквите мерки следуваат откако изминатиот викенд Латас зборуваше за тоа како прифатил да учествува во акт на силување на девојка додека бил малолетник, на што наиде на позитивна реакција од водителот Лазаров во неговата поткаст емиисија, наместо на негодување и осуда.
Обвинителството за двајцата поднесе обвинителен предлог за кривично дело Ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем, по негативните реакции од широката јавност.
