Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ласовска: Секретарот на Лозово бил разрешен, за да не одговара Велковски

Ласовска: Секретарот на Лозово бил разрешен, за да не одговара Велковски

Благица Ласовска, пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, денеска на седницата за пратенички прашања, толкувајќи одговор од министерот за локална самоуправа Горан Милевски, рече дека секретарот на Општина Лозово добил отказ за да ја превземе одговорноста за делата на градоначалникот Ацо Велковски.

Ласовска добила одговор дека била прекината дисциплинската постапка пред дисциплинската комисија за вработените во општината, кои уште од 2019 се жалат во медиумите дека се жртви на мобинг од градоначалникот, и сето тоа завршило со разрешување на општинскиот секретар.

„Вината на градоначалникот се префрла на секретарот, но тоа се прави затоа што доаѓаат локални избори“, рече Ласовска.

Таа дополни дека од вкупно 12 вработени во општината, осуммина се жалат на мобинг од градоначалникот Велковски


Слично

Поврзани вести