Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ласовска обвини дека СДСМ сака да спречи дискусија за Тиранската платформа

Ласовска обвини дека СДСМ сака да спречи дискусија за Тиранската платформа

Пратеничката Благица Ласовска од ВМРО-ДПМНЕ денеска во Собранието изјави дека единствената причина што СДСМ ги злоупотребува процедуралните забелешки е да спречи било каква дискусија за Тиранската платформа.

„На јавноста и е многу совршено јасно зошто го правите ова. Ова го правите од причини што не сакате воопшто да се дискутира за Тиранската платформа. Таа е единствениот услов за формирање на владино мнозинство. Ова не е моја изјава. Ова е изјава на челниците на сите пратеници од албанскиот блок“ - рече Ласовска.

Пратеникот од СДСМ, Томислав Тунтев, порача дека ВМРО-ДПМНЕ ќе оди во опозиција, а оние кои направиле криминал ќе одговараат. 

Денеска е 11-то продолжение на конститутивната седница. 

Слично

Поврзани вести