Лашкоска: Заев денеска оди на настани со хеликоптер
Пратеничката на ВМРо-ДПМНЕ, Ане Лашкоска, објави дека премиерот Зоран Заев на денешните настани патувал со хеликоптер, објавувајќи фотографија од Плетвар.
„Вие навистина повеќе не знаете на каде терате! Денес во Прилеп пристигна, ни помалку, ни повеќе, со хеликоптер! Во градот во кој има најмногу смртни случаи како последица на Covid 19,во градот кој благодарение на вас е мртов град“, искоментира Лашкоска.
Премиерот според агендата денеска ќе изврши увид во завршените градежни работи на модуларната болница во Прилеп. каде што ќе присуствува и на почеток на изградба на нова енергетски ефикасна градинка.Заев ќе присуствува на официјално пуштање во употреба на новиот 400/110 киловолтен трансформатор во трансформаторска станица „Битола 2” во Новаци.


Слично
