ЛАЈЧАК ЗА ПРЕГОВОРИТЕ: Северна Македонија нема време за чекање
Во ЕУ има консензус за проширување, Северна Македонија нема време за чекање, изјави специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот Белград – Приштина и регионални прашања на Западен Балкан, Мирослав Лајчак.
Тој вели дека новата комесарка за проширување на ЕУ, Марта Кос, бара напори, од целото општеството и од Собранието за што поскоро отпочнување на преговорите за членство во ЕУ.
„Факт е дека параметрите од првиот кластер на поглавјата се поствени и отстапките кои се бараат за отпочунување на преговорите, не се чинат вечни, но Северна Македонија нема корист од чекање. Не ја испуштајте можноста и не ризикувајте да останете запоствени. Можностите се сега, но можат да бидат изгубени, проширувањето е навистина приоритет и за оваа Европска Комисија, која се ангажира за обединета Европа. Овие прозорци не остануваат засекогаш отворени. Во 2008 година ви беа на дофат решенијата за името, за подоцна преговорите да станат се потешки, затоа сега треба да ја искористите можноста. Време е за акција, храброст и лидерство, време е да се стават националните интереси пред интересите на која било партија. Има консензус во ЕУ, и нема време за чекање“, рече Лајчак.
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, смета дека настанот е важна традиција за напредокот на нашата земја на патот кон интеграцијата во Европската Унија, бидејќи придонесува за размена на искуства и перспективи меѓу експертите и различните институционални и државни лидери, кои можат да ја зајакнат посветеноста за остварување на заедничката цел, членството во ЕУ.
