Лајчак вели дека платформа од туѓа држава не може да биде услов за влада
Не знам пример во Европа кога една држава креира платформа за да биде услов за формирање влада во друга земјa, ова го напиша на Твитер Мирослав Лајчак, словачкиот шеф на дипломатијата.

Тој денеска имал излагање за состојбата во Македонија на средбата на министрите за надворешни работи, кои на дневен ред ја имаат расправата за состојбата во земјите од југоисточна Европа.
„ЕУ го напушти Западниот Балкан, а последиците на тоа се што две тамошни држави се пред распаѓање, а три во длабока криза. ЕУ станува сѐ понесериозен соговорник кога станува збор за проширувањето“- рекол Лајчак.
Вели дека Европската Унија сѐ помалку е сериозен соговорник околу прашања за проширување.
Слично
