Економија, финансии, бизнис

Контакт

Лајчак очекува крај на кризата во Македонија и обединување

Лајчак очекува крај на кризата во Македонија и обединување

Вицепремиерот и шеф на дипломатијата на Словачка, Мирослав Лајчак изјави дека очекува со изборот на новата влада во Македонија да биде ставен крај на политичката криза. 

Тој смета дека на ваков начин ќе почнат да се надминуваат поделбите во општеството. Додава дека на општеството му треба обединување. 

„Се надевам дека формирањето влада и мандатот на Зоран Заев означува крај на политичката криза, која за жал влијаеше на политичките случувања во Македонија“- вели Лајчак во интервју за „Европски Западен Балкан“ за време на глобалниот безбедносен форум ГЛОБСЕК во Братислава.

На прашањето за евроатлантската иднина на Македонија, Лајчак одговара дека евроатлантските интеграции ги поддржуваат мнозинството од луѓето во Македонија.

Лајчак се надева дека Европа ќе им помогне на Македонците на патот кон евроинтеграциите. 

Слично

Поврзани вести