Економија, финансии, бизнис

Контакт

Лајчак: Блокадата на Македонија лошо влијае врз соседните земји

Лајчак: Блокадата на Македонија  лошо влијае врз соседните земји

Македонско-бугарскиот спор негативно влијае врз Белград и Приштина, вели специјалниот претставник на ЕУ за Западен Балкан, Мирослав Лајчак. 

Тој изјави дека блокадата на Македонија поради спорот со Бугарија лошо влијае врз соседните земји, посебно Србија и Косово, јави дописничката на МИА од Брисел. Тој додаде дека Европската Унија мора да го исполни ветеното. 

„Фактот што Македонија не отвори преговори со ЕУ, негативно го погоди кредибилитетот на ЕУ во регионот, јас со ова лично се соочив за време на моите посети и патувања, и нема да се подобри сѐ додека Македонија и Албанија не започнат со преговорите“, изјави Лајчак. 

Клан објави доверлив документ, кој наводно претставува дел од нон пејперот каде се нуди решение за спорот. Се предлагаат двојни принципи, што ќе им овозможат на двете страни сопствена интерпретација на историските настани.

Инаку, Бугарија ќе оди на нови избори, а дотогаш најверојатно нема да има напредок во односите меѓу двете земји. 

Слично

Поврзани вести