Економија, финансии, бизнис

Контакт

Лагард од ММФ - Биткоинот ќе мора да го регулираме

Лагард од ММФ - Биткоинот ќе мора да го регулираме

Биткоинот се повеќе е главна тема меѓу финансиските институции кои отворено се залагаат за негово поголемо владино регулирање со цел да не се предизвикаат големи потреси на пазарите на капитал. Кристин Лагард, директорката на Меѓународниот монетарен фонд истакна дека е само прашање на време кога ќе почне да се применува владина регулација врз употребата на криптовалутите. 

„Тоа е неизбежно, јасно е дека станува збор за област во која ни треба интернационална регулација и супервизија бидејќи постојат можности и за темнии активности со криптовалутите“ изјави Лагард за американската ТВ мрежа CNN. 

ММФ активно работи за дигиталните валути да се спречи да се користат за перење пари и финансирање тероризам, открива Лагард. Според неа регулаторите треба да се фокусираат на активностите, а помалку на субјектите. 

Министерствата за финансии и централните банки на многу земји ширум светот подготвуваат исто така строги регулаторни правила за доменот на криптовалутите при што се забранува користење на биткоинот или слични технолошки средства за вообичаениот платен промет на резидентите.
Исто се водат и истраги за пирамидални измами со почетните јавни крипто понуди, а повеќе берзи за размена на криптовалути во Азија се затворени и забрането е понатамошно тргување.
Х.С.

Слично

Поврзани вести