Економија, финансии, бизнис

Контакт

„ЛАГАНО СИ ВОЗЕШЕ ПО ТРОТОАРОТ, УШТЕ И МИ КАЖА ДА МУ СЕ ТРГНАМ ОД ПАТОТ“: нема крај на сообраќајната некултура

„ЛАГАНО СИ ВОЗЕШЕ ПО ТРОТОАРОТ, УШТЕ И МИ КАЖА ДА МУ СЕ ТРГНАМ ОД ПАТОТ“: нема крај на сообраќајната некултура

Непочитувачите на сообраќајните правила очигледно стануваат се побројни и побројни. Иако секојдневно се казнуваат голем број прекршители, и понатаму има такви кои „си тераат по свои правила“.

Еден таков пример осамна во групата „Ѕид на сообраќајниот срам“ на социјалната мрежа Фејсбук, каде според описот и споделените фотографии, еден некултурен возач возеше по тротоар и велосипедска патека. 

- Типов лагано си возеше по тротоарот на бул. Александар Македонски спроти Алкалоид уште и ми кажува да сум му се тргнал од патот - пишува во објавата која е споделена на Фејсбук страната „Ѕид на сообраќајниот срам“. 


Според објавата, автомобилот има странска регистрација. 

Повеќе детали на линков.

Слично

Поврзани вести