„Лага е дека се нарушува автономијата на високообразовните установи“: министерката Јаневска по бројните критики со објаснување
По бројните критики од опозицијата и од некои општествени кртичари, на темата нов закон за високо образвоание се огласи и самата министерка за образование, Весна Јаневска, која преку социјалните мрежи ги посочи придобивките и дезинофрамциите поврзани со новинта.
Еве ја нејзината објава:
Модуларност - за посигурно вработување и академска карира
Практична настава – за добра подготовка за пазар на труд
Интернационализација и поголема видливост
Фокус на стручни студии и усовршување на вештини
Интензивирање на учеството на бизнис заедницата во дизајнот на студиските програми и нивна евалуација, за адаптација кон промените на пазарот на трудот и општеството
Лага е дека се нарушува автономијата на високообразовните установи
Лага е дека не се плаќа за објавување на трудови
Лага е дека професорите сами плаќаат за објавување на научни трудови во меѓународни научни списанија со импакт фактор - финансиски средства обезбедува МОН
Лага е дека реизборот по 7 години ги прави професорите дисциплинирани и послушни. Всушност, не може да бидат критички насочени научници ако не ги следат современите трендови во полето
Редовните професори кои не ги постигнале условите што ги бара овој закон - академската заедница самостојно ги одбрала, односно државата во тоа нема учество. Така што, академската заедница може да изнајде модуси за нивно ангажирање преку научни проекти, настава и менторирање
Лага е дека ќе студираат само деца од семејства со подобар материјален статус. Новиот закон има социјална компонента - МОН обезбедува финансиска поддршка за разни категории на студенти од прв, втор и трет циклус, како и поддршка на млади истражувачи и лица од социјални категории (самохрани и еднородителски семејства, деца без родители, траен и привремен губиток на слух и вид, лица со попреченост, мајки на деца до 6 години...)
Лага е дека во академијата ќе се вработуваат само деца на богатите – напротив, предност се дава на најдобрите
Лага е дека децата ги губиме заради нефинансирање на образованието и науката – изгубивме генерации заради лошиот квалитет на образованието.
