Лага е дека пациентите на онкологија ќе плаќаат партиципација за прегледи и лабараторија
Не е точно дека пациентите на онкологија ќе плаќаат партиципација за преглед и лабораторија.
Министерството за здравство ги негира овие тврдења потенцирајќи дека ослободувањето од партиципација е регулирано со Програмата за партиципација при користење на здравствена заштита на одделни заболувања на граѓаните и здравствена заштита на родилките и доенчињата во Република Македонија за 2018 година, според која се што е поврзано со малигни болести не треба да се наплаќа партиципација.
- Во Програмата за партиципација при користење на здравствена заштита на одделни заболувања на граѓаните и здравствена заштита на родилките и доенчињата во Република Македонија за 2018 година е наведено дека програмата опфаќа лекување на малигните болести со хируршки третман, зрачење и апликација на хемиотерапија (цитостатици). Видот и начинот на третманот зависи од природата и стадиумот на болеста. Со оваа програма се обезбедуваат средства за партиципација за осигурените лица, а осигурените лица правата од здравствената заштита ги остваруваат врз основа на своето здравствено осигурување, соопштија од МЗ напоменувајќи дека се работи и на ослободување од партиципација и за други категории на осигуреници.
