ЛАДНАТА „ЛА НИЊА“ НА БАЛКАНОТ: Уште поголема зима не очекува во Јануари и во Февруари!
Ладната „Ла Ниња” веќе го донесе првиот голем снег во регионот и во Македонија, засега во Македонија најмногу снег има на планинските и на Скијачките места, а во делови од регионот снежната покривка надминува и половина метар, а на планините снежната покривка достигнува до метар и половина, вели метеорологот Славчо Попоски.
„Сепак, според она што го следам, уште поголема зима ни се заканува во Јануари и во Февруари, односно особено во втората половина од истата.
Големи се условите во следните два месеци за ново големо снежно невреме на Балканот, како и во Македонија. Според она што може во моментов да го кажам може да очекуваме многу поладно време од она кое го имаме сега. Со оглед на тоа дека млазната струја е доста активна оваа зима, често ќе имаме многу ладни продори од север, со тоа големи се шансите да се соочиме и со поекстремно ниски температури на воздухот. Веќе Балканот ја чувствува зимата како кога зимите биле како во минатото, односно во далечните деведесетти години“, вели тој.

