Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ладен бран и враќање на зимата на Балканот од и по 17-ти март?!

Ладен бран и враќање на зимата на Балканот од и по 17-ти март?!

Според последното ажурирање на прогностичките материјали можам да изјавам пред јавноста дека од, и по 17-ти март 2026 на повидок е спуштање на ладен бран од север кон Балканот и секако кон Македонија. Во ваква ситуација можно е враќање на зимските температури и на снегот особено на планинските и повисоките места, но можна е  и појавата на утрински мразеви, објави метеорологот Славчо Попоски.

„Барем одсега гледано појава на снег од и по 17-ти март 2026 можно е да има  и на местата со помала надморска височина, односно на местата со надморска височина од под 1000 метри.

Состојбата постојано ја следам околу ова можно сценарио, многу повеќе и појасни детали околу ова следуваат во следните мои метео објави“, вели тој.


Слично

Поврзани вести