Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЛАБОРАТОРИСКА СТУДИЈА ПОКАЖА: Бројот на антителата од Синовак се намалуваат по 6 месеци, на луѓето им нудат трета доза Фајзер

ЛАБОРАТОРИСКА СТУДИЈА ПОКАЖА: Бројот на антителата од Синовак се намалуваат по 6 месеци, на луѓето им нудат трета доза Фајзер

Антителата произведени од кинеската вакцина „Синовак Биотек“ против ковид-19 паднале под клучниот праг за околу шест месеци по втората доза кај повеќето од оние кои ја примија, додека третата доза имаше силно стимулирачко дејство, покажува последната лабораториска студија пд Кина.

Кинеските истражувачи ги објавија наодите од студијата заснована на примероци од крв земени од здрави возрасни лица на возраст од 18 до 59 години, пренесува Ројтерс.

Меѓу учесниците кои примиле две дози, во временски интервал од две или четири недели, само 16,9 проценти, односно 35,2 проценти, сепак имале неутрализирачки антитела што биле над она што истражувачите го сметале за праг што може да се детектира шест месеци по вторита доза, се вели во студијата.

Индонезија и Тајланд веќе се согласија да дадат трета доза од вакцините „Модерна“ и „Фајзер“, на некои луѓе кои биле целосно вакцинирани со „Синовак“, поради загриженост за неговата ефикасност против делта варијантата.

И Турција зпочна да нуди трета доза на „Синовак“ или „Фајзер“ на некои луѓе кои примиле вакцина „Синовак“.

На крајот на јуни, „Синовак“ испорача повеќе од милијарда дози вакцини, кои се клучни за имунизација во Кина, Бразил, Индонезија и Чиле.


Слично

Поврзани вести