Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ла Верита бомбардира, ВМРО-ДПМНЕ профитира, Заев демантира

Ла Верита бомбардира, ВМРО-ДПМНЕ профитира, Заев демантира

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ со радост ги дочека засега двата текста на италијанскиот весник Ла Верита, во кои новинарот презентита докази за наводен изборен поткуп за лидерот на СДСМ Зоран Заев, како градоначалник на Струмица во 2014 година.

„Зоран Заев со посебни истражни мерки и во 2014 година е снимен како врши кривично дело. Постојат разговори во Јавното обвинителство во кои Зоран и неговиот брат Вице Заев организираат злосторничко здружение кое е инволвирано во изборен криминал. Целата македонска јавност имаше по кој знае кој пат да го види вистинското лице на аболицираниот криминалец Зоран Заев. Италијанскиот медиум „Ла Верита“ уште еднаш го откри криминогениот карактер на Заев“, напишаа од ВМРО-ДПМНЕ во соопштениет“, пишува партијата.

Според нив, а како што е наведено во вториот текст на Ла Верита, постоечката документација во Обвинителството за борба против организиран криминал во Скопје поседувала извадоци од снимени разговори, од кои може да се заклучи „дека експремиерот Зоран Заев заедно со неговиот брат Вице Заев, зборувајќи отворено на телефон, управуваат со развиена мрежа за купување гласови базирана на пари и уцени, со цел добивање гласови, посебно од Ромите кои живеат во Струмица“.

Според нив, најмногу загрижува што предметот за кој пренесува италијанскиот медиум веќе неколку години седи во фиока во Јавното обвинителство предводено од Јовевски. Правдата е бавна, но никој не побегнал од неа, одговорност и санкција за криминалот мора да има, потенцираат од партијата. 

Вчера на обвинувањата кои доаѓаат од Ла верита експремиерот и лидер на ССМ, Зоран Заев, одговори дека ако имало докази против него, тој ќе бил осуден уште во 2014 година, кога тие беа на власт и имаа голема моќ.

Ако имаа докази, и тоа како ќе ме осудеа, рече Заев. Тоа беше само начин за притисок врз мене, односно една од алатките за атакување на него како опозиционер во тоа време, кога неговата партија не ги призна изборите. 

„Ако имале какви било докази, верувајте во 2014 година со целата сила на ВМРО-ДПМНЕ Заев ќе го осуделе. Значи тие немаа никакви докази, дури не отворија ни обвинителен акт заради тоа што немаше. Таму каде што се трудеа тоа да го претстават пред јавноста еве до крај со обвинителни акти за поткуп, за сите тие други предмети што ги водеа против мене, како што беше прислушувањето и слично, овде немаа ништо, беше една фама што ја создаваа се со цел да се оцрни тогаш лидерот на опозицијата Заев, а никако не можеа ниту да заокружат што било, каков било наратив да поднесат дури обвинение”, изјави Заев.

Обвинителката Вилма Рускоска изјави дека обвинувањата за поранешниот премиер Зоран Заев и неговиот брат Вице за поткуп на гласачи не ги процесуирала до судот бидејќи не видела докази за изборни нерегуларности.

„Кога немате докази нема што да процесуирате до судот“, изјави Русковска за телевизија Канал 5.


Слично

Поврзани вести