„ЛА НИЊА“ ДОБИВА НА СИЛА: „Да бидеме подготвени на сѐ“, вели Попоски
Феноменот "ЛА НИЊА" добива на сила, а особено ќе добие на сила према крајот на претстојното лето и во текот есенските и зимските месеци. Токму поради ова, претстојното лето би можело да се случат страшни временски непогоди на Балканот и во Македонија! Да бидеме подготвени на се!, предупредува метеорологот Славчо Попоски.
Во меѓувреме под влијание на влажна и свежа воздушна маса од север, во вторник и во среда повторно во Македонија очекуваме зголемена облачност и врнежи на повеќе места.
„Особено во вторник на повеќе места ќе биде и нестабилно, со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а можна е и појава на локално невреме.
Повремени врнежи од дожд и свежо време во овие два дена очекуваме и во Скопје и околината, со тоа што особено во вторник во делови од котлината ќе има и развој на нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Што се однесува до температурите, тие во овие два денови ќе биде под просекот за месец мај и ќе се искачува во интервалот од 12 до 20 степени преку ден, што е навистина свежо за средината на месец мај.
Умерен топол бран од Африка нашата територија се очекува да ја зафати од 17 мај, но и тогаш не треба да очекуваме во целост стабилна Атмосфера“, вели Попоски.
