Економија, финансии, бизнис

Контакт

Квалитети кои се бараат од кандидатите, а не се ставаат во ЦВ?

Квалитети кои се бараат од кандидатите, а не се ставаат во ЦВ?

Што современите работодавци бараат од својот работник е прашање на кое одговор се обиде да даде Аријана Хафингтон, извршна директорка на „Thrive Global”на годишна конференција на Бизнис инсајдер. 

Една од особините е да има храброст да зборува. 

„Сакам да работам со луѓе кои точно кажуваат што им е на ум“ - кажа таа. 

Другата особина вели дека е да знаат да се грижат за себе. 

„Мислам дека треба да постои личност која може тоа да го препознае, кога можат да се грижат за себе, уште подобри ќе бидат на работа“ - додава Хафингтон. 

Вели дека иако овие особини звучат банално, сепак се многу важни. 

Објаснува дека многу луѓе не се способни сами за себе да се грижат, па се потпираат на родители, пријатели, роднини. 

Таа издала и книга со ваков тип на содржина, во која пишува дека оној кој сака да успее, мора помалку да спие и да биде посветен на работата. 






Слично

Поврзани вести