Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кузевска, Османи и Битиќи се негативни на коронавирусот

Кузевска, Османи и Битиќи се негативни на коронавирусот

Портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска на Фејсбук објави дека е негативна на Kовид-19.

„Големо благодарам до сите кои ме контактираа и покажаа грижа за моето семејство и за мене. Таквата поддршка многу значи. На сите кои се во самоизолација и во исчекување, им посакувам добри вести. На тие кои се позитивни и се борат со вирусот, им посакувам брзо и лесно заздравување“, напиша Кузеска.

Таа беше во самоизолација поради контакт со директорката на УЈП Сања Лукаревска, чиј тест покажа дека е позитивна на коронавирусот. 

Вицепремиерот Бујар Османи е исто така негативен. 

Советникот за економски прашања во владата на Оливер Спасовски, Фатмир Битиќи на фејсбук објави дека неговиот тест на ковид-19 е негативен.

Слично

Поврзани вести