КУТРАТА МАКЕДОНИЈА ПОСТОЈАНО ИЗЛОЖЕНА НА ПРИТИСОК? МА НЕ: Колозова со анализа на меѓународниот систем
Професорката Катерина Колозова со своја анализа на меѓународниот систем во кој функционираат државите па и Македонија.
„Зашто, примарно преку притисок функционира меѓународниот систем на држави, а не преку принципи и правни норми. Причината? Анархичната природа на меѓународниот систем. Престанете да ги рецитирате принципите и нормите по кои посегаме (...) Кутрата Македонија постојано изложена на притисок? Ма, не. Никако да разбереме дека преку притисок функционира меѓународната политика. Сите држави се изложени на нејзините закономерности, некои повеќе, некои помалку. Притисокот е да натераш некого да стори нешто што инаку не би го сторил, а зад секој притисок стојат интересите“, напиша таа.
Слично
