Економија, финансии, бизнис

Контакт

КУТРЕВСКА СИ ДОКУПИ АКЦИИ ОД ПЕКАБЕСКО - еве колку достигна нејзиниот уддел во главнината

КУТРЕВСКА СИ ДОКУПИ АКЦИИ ОД ПЕКАБЕСКО - еве колку достигна нејзиниот уддел во главнината

Компанијата „Пекабеско“ преку Македонска берз објави дека еден од сопствениците на акции со над пет отсто учество во вкупниот број го зголемува својот уддел. 

Како што е споделено на берза, лицето весна Кутревска купила 10 акции, со што сега поседува 2.125 обични акции, а со тоа има над 7 проценти од главнината на акциите на компанијата. 

- Согласно Глава 6 од Правилата за котација, известуваме за следната ценовно чувствителна информација:

ПЕКАБЕСКО АД Кадино ја известува јавноста дека во изминатиот период преку берзанска трансакција лице Весна Кутревска од Скопје се стекна со 10 обични акции издадени од ПЕКАБЕСКО АД Кадино. Физичкото лице Весна Кутревска поседува вкупно 2125 обични акции, односно има учество од 7,06% во главнината на акции со право на глас на ПЕКАБЕСКО АД Кадино - се наведува во објавата на Берза.

Најголем акционер во Пекабеско е Слободан Кутревски, које и главен извршен директор на компанијата. Во структурата на сопственост на компанијата учествуваат вкупно 51 акционер. 

Слично

Поврзани вести