КУСА ЛЕКЦИЈА ПО КРИВИЧНА ПОСТАПКА - професорот Калајџиев со совет како требало да постапи Обвинителството во инцидентот со Контрола на летање
Универзитетскиот професор Гордан Калајџиев нагласува дека Обвинителството не требало да чека пријава од МВР за инцидентот кој се случи во Контрола на летање. Според него, за важен настан ЈО веднаш треба да преземе раководење со истрагата.
„Куса лекција по кривична постапка: читам ЈО од МВР чекало пријава за настанот во контролата на летање; погрешно! За важен настан ЈО веднаш презема раководење со предистрагата, а пријава чека само за едноставни кривични дела како кражби, лесни сообраќајки и сл“, се вели во објавата на Калајџиев на фејсбук.
Слично
