КУРТОАЗНО СЕ ПОЗДРАВИЛ: Орбан „му киднал“ на премиерот Заев во Загреб
Претседателот на Владата не успеал да разговара со унгарскиот колега Виктор Орбан кој му ги отвори вратите на Никола Груевски, на Самитот на шефови на влади на ЦЕИ кој се одржува во Загреб. Ова го кажа самиот премиер кој посочи дека Орбан во Загреб бил дел само од вечерата и не останал денеска на Самитот..
-Орбан имаше само куртоазно поздравување меѓу сите премиери и потпретседатели на Влади и министри, тој денеска не остана да оставриме некоја средба но се надевам во некоја следна прилика билатерлано дека ќе се сретнеме и ќе му ги образложиме нашите барања со аргументи дека азилот е неоснован и дека треба Груевски да се врати во својата земја и да ја отслужи казната-одговори премиерот запрашан дали го искористил моментот да оствари средба со човекот кој му даде азил на бегалецот Никола Груевски.
Премиерот меѓудругото на самитот кажа дека Македонија е подготвена да ја продлабочи и прошири соработката во регионот.
