„КУРТО-МУРТО СЕ СЕКОГАШ ВО СОЈУЗ“: Ванковска за лидерската средба
Професорката Билјана Ванковска се огласи со став за лидерската средба што се одржа вчера помеѓу лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, Христијан Мицкоски и Венко Филипче.
„Најдобрите „непријатели”, како во цртан филм со Том и Џери. Курто-Мурто се секогаш во сојуз, колку за да се глуми повеќепартиска демократија. Пепси и Кока-кола - толку е разликата.
Па, нели институциите (собранието) е место за “делиберација”, што би рекол Ненад Марковиќ?“, напиша таа.
Слично
