Курто Дудуш: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ни нудеа само директорски места, затоа отидовме со ДУИ
Курто Дудуш откри детали од договорот меѓу Сојузот на Ромите и Демократската унија за интеграција, за влез во коалицијата „Европски фронт“.
Дудуш рече дека СДСМ и ВМРО на Ромите им го понудиле тоа што го правеле години наназад – директорски места. Според него, ова само би ги задоволило желбите на некои поединци.
Дудуш во емисијата „10 минути“ на ТВ21 рече дека отишле со ДУИ во коалиција, бидејќи на неговата партија им биле понудени позиции од сите нивоа - од законодавното па се до најниските, рече градоначалникот на Шуто Оризари.
Првиот човек на ДУИ, Али Ахмети,синоќа во Шуто Оризари потпиша коалициски договор со Сојузот на Ромите, со кој оваа партија станува дел од „Европски фронт“. Ахмети го потпиша договорот со лидерката на партијата Фатма Османовска.
