Економија, финансии, бизнис

Контакт

КУРТО ДУДУШ НАПРАВИ „ФОРА“ ЗА БЕСПЛАТНА РЕКЛАМА: Чиј е ајфонот?

КУРТО ДУДУШ НАПРАВИ „ФОРА“ ЗА БЕСПЛАТНА РЕКЛАМА: Чиј е ајфонот?

Актуелниот градоначалник на Шуто Оризари бесплатно ги искористи медиумите за промоција на бројот под кој на гласачкото ливче ќе биде запишано името на неговата партија.
Со Ајфон од 1.600 евра, тој се фотографираше и фотографијата ја објави на социјалните мрежи со што предизвика лавина реакции за цената на уредот.
Дудуш за да ги реши дилемите се огласи на социјалните мрежи.
„Да ја разрешиме мистеријата за вистинскиот сопственик на ајфонот 17 про макс, мојот братучед Алмир Дудуш-познат бизнисмен во Шуто Оризари. Преку сликата со телефонот сакавме да го рекламираме бројот 17 со кој ќе настапиме на избори со нашата партија Унија на Ромите, пред пошироката јавност. Фрливме јадица за медиумите и како што беше планирано, тие веднаш загризаа, очекувано, знаејќи дека презентацијата на програми за Роми, промоција на позитивни проекти за Роми не им се интересни на поголем дел од медиумите. Целта е постигната, благодарам на бесплатната реклама на нашиот број за овие локални избори“, напиша Дудуш на социјалните мрежи.


Слично

Поврзани вести