Курти со писмо го одби Ковачевски: Да ја спречиме Србија да го шири рускиот и кинески интерес
Косовкиот премиер Албин Курти му испрати писмо на македонскиот премиер Димитар Ковачевски во кое ја одбива поканата за учество на самитот на „Отворен Балкан“ во Охрид заедно со Македонија, Албанија и Србија.
Според претседателот на косовската влчада, Приштина и Скопје треба заедно да работат на спречувањето на Србија да го шири нејзиниот руски и кинески интерес во регионот
„Имајќи ги предвид нашите заеднички вредности, во наш интерес е да работиме заедно на спречувањето на Србија да го шири нејзиниот руски и кинески интерес во нашиот регион, негирајќи ја постојано независноста, суверенитетот и територијалниот интегритет на Косово и блокирајќи ги еднаквите можности за косовските граѓани“,се вели во писмото.
Курти добил покана од Ковачевски за учество на самитот на „Отворен Балкан“ кој ќе се одржи на 7 и 8 јуни во Охрид.
„Република Косово ја поздравува регионалната соработка заснована на принципите на рамноправност, од која на крајот граѓаните ќе имаат корист. За таа цел ние сме активно ангажирани во Берлинскиот процес, кој покрива многу регионални иницијативи, вклучувајќи го Заедничкиот регионален пазар, кој беше усвоен од шесте држави на Западен Балкан на самитот во Софија во 2020 година и кој е целосно поддржан од Европската Унија“, напишал Курти.
Тој додал дека Македонија и Косово делат заеднички вредности и дека заеднички се спротивставуваат „на неиспровоцираната и неоправдана окупација на Украина од страна на Русија“,
