Економија, финансии, бизнис

Контакт

КУРТИ: Самоопределување не се меша во изборите во Македонија

КУРТИ: Самоопределување не се меша во изборите во Македонија

Косовскиот премиер Албин Курти вели дека Самоопределување не се меша во изборите во Македонија. 

Кажа дека може да дадат поддршка на одредени политички субјекти, но таква партија не е регистрирана во Македонија. 

Курти, говорејќи за средбата во Скопје, истакна дека таа нема врска со Отворен Балкан, туку со Европската Унија. 

„Отворен Балкан не е доволно европски, додека отворена Европа е доволна за Балканот. Отворениот Балкан нема правила и финансирање на ЕУ“, рече Курти. 

Курти кажа дека целта на планот за раст е да се искористи слободниот пазар пред влезот во ЕУ. Претходно имаше реакции дека партии од надвор не можат да учествуваат на избори во земјава. Лани, при посетата на Курти во Тетово се вееше знамето на Голема Албанија и тоа го вознемири регионот. 

Слично

Поврзани вести